Мицкоски: Ковачевски го одби францускиот предлог поради десетици илјади граѓани кои излегоа пред Владата

од Nikola Popovski
235 прегледи

Барањата на Бугарија се неприфатливи бидејќи се толку максималистички што се навистина надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него е невозможно потенцијалното решавање на спорот додека трае ова ротирачко француско претседателство со ЕУ.

-Овој последен предлог е апсолутно асиметричен и е 100-0 во корист на нашиот источен сосед. Иако да бидеме реални, тој предлог немаше да биде на масата ако некој претходно тој предлог не го прифатил, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски го одбил францускиот предлог поради тоа што десетици илјади граѓани излегоа пред Владата и порачаа дека не го прифаќаат предлогот.