Мицкоски: Крајот е близу, се вика 12 април лето господово 2020 година

од Aleksandar Todeski
409 прегледи

Победата ќе биде на сите млади, против оние кои сакаат да ја замолчат бунтовноста. Очекувам од младите на изборите да бидат свои, тоа што се и тоа што сакаат да бидат. Да рушите бариери, да бидете обновата која ќе ја донесеме. УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја има слободата, а секој од вас го има мојот збор дека ќе ви бидам најголем поддржувач на вашите идеи. Немаме уште една генерација да си замине од државата, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на годишната конференција на партиската Унија на млади сили.

Тој ја обвини партијата на власт дека власта ја гледаат како начин на богатење, но и дека им ја крадат иднината на младите.

„Крајот е близу и тој се вика 12 април лето господово 2020 година. Младите се на обнова, го знам тоа како што знам дека 12 април е крај на една неславна ера на политичари. Тоа е победа над системот кој силно ја гуши слободата. Тоа ќе биде победа не моја, туку ваша, победа на народот, на секој еден кој е несреќен“, рече Мицкоски.

За владата, рече дека се без визија, идеологија или кауза.  Премиерот според него, го пресликал владеењето во Струмица на државно ниво.

„Погледнете го случајот „Рекет“. Она што Заев го правеше во Стурмица, сега сака да го направи во Македонија. Ако порано крчмеа буџет од 4 милиони евра во Струмица, сега прават буџет од 4 милијарди евра во Македонија. Заеви станаа најбогатото семејство во Европа, а Македонија најсиромашна држава“, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, премиерот ветувал се пред избори, а недостасувало уште бесмртност да ветел.

„Власта не може да купи чест, достоинство или доверба со некој денар задоцнети пари, кои сакаат овие да му ги дадат, а му следуваат. Треба да се биде реален, да се каже дека имаме премиер кој не се срами да носи порази. Среде Скопје им се случи чернобил и пробаа да го сокријат“, додаде Мицкоски.

Лидерот на опозицијата обвини дека претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев зборувал исто како партијата на власт, а блиско размислување имале и обвинителката Влима Русковска и судијката Добрила Кацарска.

Слични содржини