Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски оствариле средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Феликс Шрајнер од ЦДУ која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на ЕПП.
Според Мицкоски, на средбата станало збор за економската и енергетска криза во Македонија.
-Посочив дека власта преку окупираните институции го предаде стопанството, бизнисот и на директен начин граѓаните во Македонија. Исто така во текот на средбата укажав Македонија со оваа власт се движи во лоша насока.
Македонија во вистинска насока ќе започне да се движи само со предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.