Мицкоски: Мерката за драстично кратење на платите преставува сериозен удар за стандардот на вработените

од Берта Китинска
191 прегледи

На стопанството му е потребна вистинска финансиска инекција и здрави чекори кои ќе доведат до поддршка која ќе гарантира опстојување на компаниите и заштита на стандардот на граѓаните. Со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и стратешките соработници ги анализиравме мерките кои ги предложи СДСМ и Зоран Заев, и можам да кажам дека сме вистински загрижени дека и нема вистински план, а државата и стандардот на граѓаните е пред нова опасност за колапс, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мерката за драстично кратење на платите преставува сериозен, повторувам сериозен удар за стандардот на вработените. И ова кратење требаше првенствено да започне од министрите, замениците министри, директорите, градоначалниците, именуваните функционери, а не во ист кош да се ставаат кога треба да има кратење на платите функционерите и работниците.

Вработените во администрацијата ги немаат привилегиите на функционерите на власта, ама сега со предлогот на Заев ќе ја имаат истата плата од 14.500 денари. Голем дел од овие луѓе имаат кредити, и не може да зависат од милоста на банките и несериозноста на Заев. Ништо не сме постигнале ако се скратат нивните плати, а се надеваме банките да ги замрзнат ратите. Практично се руши нивниот стандард и нема да излеземе од криза ако ги казниме работниците.

Дополнително се работи за мерка која е и економски неоправдана. Со вакво драстично кратење на платите на работниците, се прави шок и ќе се намали потрошувачката во економијата и тоа по принципот на домино ефект ќе се одрази во сите останати гранки.  Значи ќе се влијае негативно и во здравото ткиво во економијата. Потребни се нови пари да се вбризгуваат во економијата за да се задржи потрошувачката, бидејќи само тоа ќе ги одржи компаниите. На крајот зошто се задолжува државата од над половина милијарда евра ако стопанството и ако државата ги кратат платите на работниците.

Бараме Заев итно да се повлече од предлогот за кратење на платите работниците во администрацијата, и да не удира по стандардот на граѓаните. Така нема да се реши кризата, туку ќе се продлабочи.

Воедно ќе посочам дека и останатите мерки на Заев наменети за бизнисот се аматерски и недоволно добро обмислени, и нема да го дадат посакуваниот ефект. Тоа е далеку од вистинските потреби на стопанството.

 

Прес конференција

Прес конференција 23.03.2020

Публикувахте от Hristijan Mickoski в Понеделник, 23 март 2020 г.

Слични содржини