Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му честитал на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски за победата на внатрепартиските избори.
-Го контактирав и му честитав, но немаше ништо друго. Немаше разговор за можна средба. Не очекувам промена во политиките со оглед дека новиот лидер на СДСМ покажува наклон кон Зоран Заев, рече Мицкоски во интервју за МТВ.
Мицкоски додаде дека не разговарал за никаква друга тема со Ковачевски.