Мицкоски: Му посочив на Шаленберг дека треба да бидеме дел од големото европско семејство

од Nikola Popovski
280 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информира дека денеска остварил средба со шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг.

Според Мицкоски, на средбата се разговарало за актуелната политичко економска состојба и евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

-Посочив дека Македонија треба да биде дел од големото европско семејство. Спроведувањето на реформи и борбата против корупцијата мора да биде полето каде ќе се вложи најголема енергија. Воедно активната блокада е последица на животот во националната катастрофа во Македонија, објави лидерот на најголемата опозициска партија.

Слични содржини