Мицкоски му соопштил на Тимоние дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се за членство во НАТО и ЕУ

од desk4
84 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со членот на Извршниот комитет на партијата, Игор Николов се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

Од партијата информираат дека Мицкоски истакнал дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се во насока на остварување на тој стратешки интерес.

„Мицкоски го информираше Тимоние и за политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување“, се вели во партиското соопштение.