Мицкоски: МВР следи и шиканира луѓе

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска обвини дека МВР под водство на Заев и Спасовски организира следење и шиканирање.

-Имаме докази за малтретирање на граѓани во изборна кампања. Тие се доставени до меѓународната заедница, го повикувам и обвинителството да излезе со истрага и таа истрага да кулминира со кривична пријава, бидејќи таму имаме повеќе од 40-тина полициски службеници кои што се блиски до владејачката партија до СДСМ, гледате таму каква реторика има, гледате каков е речникот на тие луѓе кои што треба да бидат пример во средините каде што функционираат, за жал тие се само од тоа што го прочитав не се пример во општината и предизвикаа една жестока турбуленција во мојот стомак и едно чувство на гадење, објави Мицкоски.

Во однос на најавената енергетска криза, тој вели дека предупредил уште пред 4 месеци.

-Имавме еден брифинг тогаш и се обидов да објаснам дека ова ќе се случи, но тогаш се направи еден маневар во рамките на Регулаторната комисија, предложивме ако се сеќавате тогаш намалување на ДДВ-то и еве го прифатија и тогаш го поздравивме сето тоа. Гледате денеска и дел од европските земји прифаќаат намалување на ДДВ-то за струјата и за гасот и предупредивме тогаш дека и тоа не е доволно, бидејќи навистина имајќи го предвид сето ова што се случува на енергетскиот пазар во Европа, дека ние сме пред вратата на енергетска криза и дека ќе се соочиме со таа енергетска криза, но не нѐ слушаа тогаш и еве денеска со тоа се соочуваме“, истакна Мицкоски во одговор на прашања по изјавата за медиуми во Пештани.

Слични содржини