Мицкоски на протестот на „уставобранителите“: „Се плашам дека работата ќе се радикализира“

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Ако Владата продолжи вака да се однесува, се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој присуствуваше вечер на протестот „Правда за уставобранителите, слобода за Македонија“, за поддршка на осудените насилници кои нападнаа пратеници на 27 април.

ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка и на предходниот протест кој се одржа на годишнината од „крвавиот четврток“.

– Пораката која сакам да ја испратам од овој протест е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има свој крај, порача Мицкоски.