167
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со коалиционите партнери, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Средбата ќе се одржи вечерва во партиското седиште.
Средбата следи откако вчера на лидерската средба 12 април беше договорен како датум за одржување на предвремените парламентарни избори.
Мицкоски по средбата рече дека следуваат промени и дека неговата коалиција ќе победи на изборите, а ги повтори и партиските ставови, да се продолжи по патот на ЕУ и НАТО.