Мицкоски на средби со Орбан и Јанша

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа во рамките на пријателските односи со повеќе сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската Народна Партија.

Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Фидес и премиер, Виктор Орбан, а потоа ќе оствари средба во Љубљана и со премиерот на Република Словенија и претседател на Словенечката Демократска Партија Јанез Јанша.

Воедно во неколкудневната дипломатска активност лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе оствари средби и со претставници на хрватската владејачка партија ХДЗ.

„Средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија пред се одблокирање на патот кон Европската Унија кој е блокиран со ветото од источниот сосед, застојот кој го има земјава во однос на реформите. Средбите ќе бидат насочени и кон градење на мостови на регионална соработка на ВМРО-ДПМНЕ, како и разгледување на можностите за идна економска соработка и отворање на можностите за привлекување на инвестиции и размена на знаења со цел економско зајакнување на земјава во периодот на силната економска криза и рецесија“, велат од партијата на Мицкоски.

Слични содржини