Мицкоски најавува поевтина струја и почист воздух

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на партиска трибина изјави дека новиот концепт на неговата партија „Македонија за сите луѓе“ предвидуваат почист воздух, враќање на парите од акцизата за горивата и поевтина електрична енергија за домаќинствата.

„Денеска ќе зборуваме како до гасификација на домаќинствата, како до најмалку 50 проценти гасифицирани домаќинства во нашата Македонија, со бесплатен приклучок за гас, без дополнителни трошоци, ќе зборуваме како до поевтина струја преку произведување на електрична енергија, а тоа ќе го постигнеме со продолжување на работниот век и модернизирање на  производните погони, тоа се рударско енергетскиот комбинат во Битола и рударско енергетскиот комбинат во Кичево“, истакна Мицкоски.

Според него, најголем процент на загадување на амбиенталниот воздух доаѓа од системот на затоплување на нашите домови.

„Со промена на системот односно со користење на гасот кој ќе биде овозможен од идната општинска и градска власт секое домаќинство ќе добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство, планот е во еден четири годишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, а со тоа да се промени системот на затоплување на домаќинствата, а со тоа да имаме почист воздух, а со тоа да имаме и поздрави сограѓани“, потенцираше Мицкоски.

Слични содржини