Мицкоски: Нашите билборди и летоците каде ме изедначуваат со Груевски не може да се изедначат

од Aleksandar Todeski

Навистина не можам да се сложам дека е оцрнување, тоа е констатирање на реалноста, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одбегнувајќи го одоговорот на новинарското прашање дали е тоа предвремен почеток на кампањата.

„Ја констатираме реалноста каде што лидерот на партијата во својство на градоначалник на една општина самиот го кажува тоа што го пишува на билбордот. Вчера се бојадисуваа тие билборди, а вчера дури и се палеа. Се работи за земја која ќе биде дел од ЕУ, а вие не можете да ја истрпите критиката. И ние зборувам за фер и демократски избори. И за тие млади луѓе и за наредбодавачите ќе има одговорност после 12 април. Нека се сетат на сликата, Катица Јанева со качулка, а Зоран Заев се откажува со неа. Тој ќе има имунитет во парламентот, а тие не. Нека не слушаат слепо наредби од луѓе кои ќе понесат одговорност по 12 април, ова е порака од мене до сите тие луѓе“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија летоците на која тој се изедначува со неговиот претходник, Никола Груевски, не можело да се изедначи со нивните билборди, бидејќи според него, тоа не било точно.

„Тие се тие кои на крајот треба да одлучат како ќе гласаат на 12 април. Верувам во мудроста на граѓаните и во нашата програма и верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите. Ние нема да ги палиме, кинеме и бојадисуваме“, додаде Мицкоски.

Тој не коментираше за принципот победник со победник, туку само кажа дека со секоја партија со која ќе имаат слична програма е добредојден да коалицираат.

Слични содржини