Мицкоски не ги открива имињата на контактите, тврди дека нема авторизација

од Nikola Popovski
190 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сака да ги открие имињата на фирмите што го понуди како контакти до Владата, за набавка на поевтини енергенси, бидејќи вели дека „нема авторизација“.

-Јас не можам да потврдам или демантирам име на компанија. Сепак имам намера да ја кажам вистината. Вистината е дека компанијата која што е позиција за снабдување со гас и нејзини претставници присуствуваа на средбата со Владата и на таа средба е понудена цена која што е најмалку двапати помала од таа по која што АД ЕСМ купуваше за месец октомври. Во Европа, начинот на кој се тргува е предмет на еден договор кој што ние го викаме „ефет договор“ и го потпишуваат компаниите кои што се занимаваат со оваа проблематика. Можам да потврдам дека цената е двапати помала од таа која што Владата ја доби за втората половина за октомври, рече Мицкоски во дебатата на МТВ со новинари од неколку медиумски куќи.

Во однос на контактот со мазутот, Мицкоски тврди дека состанокот се одржал на 9-ти октомври во рамките на Министерството за економија.

-Претставници на таа позиција беа таму и разговараа. Претставник на компанијата која што во моментов ја снабдува Македонија со мазут, ги контактирал луѓето кои што се позиција и од нив побарал понуд за 150 илјади мазут. Цената што ја добиле е на било кое пристаниште во околината, дали е тоа Волос, Солун, Драч или Варна е берзанска, минус 40 евра по тон, што би значело заштеда најмалку од 80-90 евра по тон од тоа што државата го плаќа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.