Мицкоски не гледа потреба од дуел со Арсовска

од Nikola Popovski
171 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не гледа потреба од дуел со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-Мислам дека госпоѓата има доволен број на дуели со советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Кога госпоѓата Арсовска има потреба нешто да каже, мислам дека тоа го прави исклучително плодно на седниците на Советот на Град Скопје, заедно со останатите советници од сите партии. Тоа е вистинското место каде таа треба да ги манифестира своите капацитети дебатерски, кажа Мицкоски и додаде:

-Тоа е одлука на градоначалничката. Таа одлучила дека тие се луѓето кои можат соодветно да одговорат на тие позиции. Јас само ќе напоменам дека ДУИ беше цврсто против Данела Арсовска и цврсто за Петре Шилегов од СДСМ. Будно ќе ја следиме работата на новите кадровски решенија и дали се исполнува програмата за модерно Скопје, рече меѓу другото Мицкоски за новите кадровски решенија во јавните скопски претпријатија.