Пред почетокот на сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ на платото пред Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите.
-Овде нема партија, овде е само Македонија. Она кое што сакам да го порачам е дека денеска Македонија се буди и сите оние кои сакаат со потпис да стават крај на Македонија, ќе стават крај.Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме, рече Мицкоски.