Според најавата од Министерството за политички систем и односи со заедниците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на прославата на Охридскиот договор во петок на која ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, екс-лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, па и екс-премиерот од СДСМ Хари Костов.
Од десницата ќе биде присутен само Љубчо Георгиевски, пишува Независен.
На прославата, што наиде на критики во јавноста бидејќи се организира два дена пред заострувањето на мерките против пандемијата, се поканети 300 гости, меѓу кои Хавиер Солана и Џорџ Робертстон.