Мицкоски не успеа да одработи за туѓите, странски нарачки, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
229 прегледи

„Пропаднаа сите обиди на Христијан Мицкоски заедно со неговите партнери да ја дестабилизира државата. Мицкоски не успеа за туѓите странски нарачки и државата да ја втурне во подебла, изолација и меѓуетнички тензии“, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со денови Мицкоски заедно со Димитар Апасиев и Арбен Таравари за лажеа јавноста, организираа насилни протести, провоцираа меѓуетнички инциденти преку крвави сценарија, но на крајот беа прочитани од граѓаните.

Дури и неговите пратеници кои со денови свиреа, навредуваа, палеа документи во Собранието и се закануваа, говореа дека се против предлогот, на крајот по којзнае кој пат избегаа од салата, немајќи храброст ниту да гласаат против.

Секој успех на државата е пораз за Мицкоски и затоа е тој нервозен.

Така е и сега кога иднината во ЕУ е обезбедена а македонскиот јазик, историја и посебност се гарантирани и потврдени.

Наместо да се приклучи кон иднината, Мицкоски повторно одбра да остане во минатото, изолиран и оставен сам со својот проруски партнер Левица“, додаваат оттаму.