Мицкоски: Нема да се кандидирам ако има вонреден конгрес на партијата

од Nikola Popovski
187 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека единствена причина поради која тој е мета на секојдневни напади е тоа што тој е последниот браник во Македонија за сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција.

Јас Христијан, јас како човек сум последниот браник во оваа држава на сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција, политичари и друг тип на елити. И од сите страни сум напаѓан и понатаму ќе бидам напаѓан. Тука ги подразбирам оние мафијаши за кои што говорам од почетокот на емисијата. Оние кои што ја урнаа државата, оние кои што ја опљачкаа Еуростандард банка, оние кои што ја задолжија државата. Да се биде најнапаѓаниот политичар од страна на овие мафијаши само ми е дополнителн мотив да се борам против оваа неправда што се случува во државата. Секојдневно тоа ме мотивира и ме прави поодлучен во таа борба, никогаш нема да се повлечам додека овие мафијаши не ја добијат правдата која треба да ја добијат“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека иако го повикал Иницијативниот одбор за реформи во ВМРО-ДПМНЕ да достават иницијатива за вонреден конгрес, сепак тие не доставиле па морал сам да поднесе иницијатива.

„И да има вонреден конгрес на партијата, јас нема да се кандидирам“, рече Мицкоски.