Мицкоски нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2024

од Nikola Popovski
193 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се гледа себеси како кандидат за претседателските избори во 2024 година.

-Јас сигурно не, кратко одговори Мицкоски во синоќешната емисија „360“.

На прашањето дали има идеја кој би бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, Мицкоски информира дека во моментов нема идеја.

-Искрено не сум ни размислувал. Градиме кадри, но дека сега на 18 месеци пред изборите како претседател на партијата јавно би зборувал за имиња, би било претенциозно, посочи Мицкоски.