Mицкоски: Немам докази дека Реџепи бил киднапиран

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва информира дека нема докази дека Кастриот Реџепи бил киднапиран или дека му бил даден текст за да го прочита во објавеното видео на Фејсбук, на денот кога требаше да се гласа за недоверба на Владата.

-Мојот збор вреди повеќе од тој на Реџепи затоа што пратеникот се потпиша доброволно на тие 60 пратеници и под имињара на пратениците од Левица, иако тврдеше дека не знаел дека се потпишани, рече Мицкоски во емисијата „Топ тема“.

Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека како партија „не му направиле мерак на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи“, во деновите што претходеа на седницата во четвртокот.

Слични содржини