Мицкоски: Ние не знаеме што Заев разговарал со Мицотакис

од Aleksandar Todeski
183 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ се реорганизира и доекипира и се поголем е бројот на луѓе од различни политички провиненци што ни пристапуваат, така што очекувам масовна поддршка од граѓаните на Македонија и голема победа на предвремените избори закажани за 12 април идната година, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со граѓаните во Охрид теренските активности насловени „Обнова на Македонија“.

За новата методологија на ЕУ за проширувањето, тој рече дека претставува рамка чии детали дополнително ќе се прецизираат и утврдуваат.

„Колку време сега ќе биде потребно оваа рамка испорачана како „Нон пејпер“ од Франција да биде уредена и детализирана во документ, како и колку ќе биде подолг патот за членство на Македонија. Очигледно е дека нашите партнери од ЕУ констатирале дека постојат двојни стандарди кај земјите аспиранти за членство. Доколку видат дека вие формално, а не суштински затварате поглавја, постои можност повторно да се навраќате на иста група поглавја, а тоа може да прерасне во приказна која нема завршеток. Затоа потребно е да се европеизираме одвнатре, за да можеме да бидеме конкурентни во Европа“, истакна Мицкоски.

Тој смета дека најголемата историска и политичка грешка е планот „За живот за Македонија“, кој според него е лага, а потоа креирањето и водењето политика на коленичење, со што ги навредил граѓаните.

„Играјќи „All inn“ изгубивме сите ние, но не треба да очајуваме. ВМРО-ДПМНЕ има визија знае како да ги води, така што сум убеден во онаа брза лента за членство во ЕУ. Дали тоа ќе биде за пет години или никогаш, тоа зависи од нас, рече меѓу другото лидерот на најголемата опозициска партија“, рече лидерот на опозициската партија.

За грчкиот бренд „Macedonia the GReat“, Мицкоски рече на дека опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ веќе се навикнати на како што ги нарече, авантуристичките политики што ги води премиерот, од медиумите да се дознава што всушност тој зборува и прави.

„Освен што слугува и коленичи низ светот, ние не знаеме што е разговарано со Мицотакис, кои се темите. Тоа претставува акт што не е во насока на подобрување на односите, туку само продолжување на егзибициите што ги почна Заев минатата година“, вели Мицкоски.

 

Слични содржини