Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од протестниот марш кон Собранието порача дека во четврток пред пратениците ќе се најде „документ кој нема правно значење или правна вредност“.
-Не се наоѓа француски предлог, нема последен предлог, нема модифициран, тоа е само лист хартија со четири подточки. Има само четири заклучоци – народски кажано „Јас ви велам маица, ама не ви кажувам каква, дали со кратки ракави, бела, сина, со копчиња“… Ако сакале да го стават францускиот предлог, требало да го стават и Протоколот, рече Мицкоски.
Тој истакна дека никогаш не дал поддршка за внесување на Бугарите во Уставот.
-Нека кажат кога сум кажат, нека излезат со став дали сум дал поддршка. Спомнувавме дека сме подготвени да разговараме, но со одредени гаранции кои што во последниот предлог ги нема. Протоколот не ни е познат, нема билатерални договори, тоа се работи за кои ВМРО-ДПМНЕ строго се противеше, а се најдени во последниот предлог. Нека не растураат пердуви, нека кажат дали сме дале таква поддршка, дециден е Мицкоски.