Мицкоски: Ниту една држава во светот нема само електронско учење

од Andreja Salpe
463 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на МТВ вели дека новиот закон за дигитализација во образованието кој сака да го спреведе министерката за образование и наука Мила Царовска е желба за подлаби џебови на власта, со кој ќе бидат осакатени и уназадени децата и додаде дека првата работа којашто неговата партија ќе ја направи ќе биде враќање на учебниците и барање на одговорност за ова.

„Ниту една држава во светот нема денеска само електронско учење, туку има и хартиена форма на учебници. Електронското учење не е реформа, туку интерактивна апликација. 25.000 деца немаат допир до компјутер. Како тие ќе имаат настава на овој метод кој го замислила Царовска?, вели Мицкоски.

Истакна дека има многу аргументи зошто оваа реформа не треба да се поддржи, и тоа го кажува јавноста. Наместо да се повлечат тие ќе ја вратат истата со европско знаменце мислејќи дека така ќе ја измамат опозицијата.

„Ќе ги изгубат изборите и првата реформа која ќе ја направи ВМРО-ДПМНЕ е повторно враќање на учебниците, а за ова ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и несовесно трошење на народни пари. Ова е осакатување и уназадување на децата. Не се должни да ја трпат желбата за подлабоки џебови на власта“, потенцираше Мицкоски

Мицкоски во врска со ситуацијата во Парламентот, додаде дека со случката околу интерпелацијата на Спасовски, спикерот на Парламентот не ја бараше суштината туку се бараше марк форма што тоа никогаш досега не било така.

„И навистина, јас тоа често пати сум го коментирал во стилот на физиката, секоја акција има и соодветна реакција спротивно насочена со ист интензитет. Така ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се однесува доколку не дојде до корегирање на однесувањето на владејачкото мнозинство кое што е во Парламентот“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека владејачкото мнозинство дури го загрози и здравјето на другите пратеници и вработени во Парламентот со носење на нивни пратеници кои што беа позитивни на КОВИД-19.

„Спикерот треба да биде човекот кој што е одговорен за хармонија во Парламентот, а не за деструкција“, нагласи Мицкоски.

Слични содржини