ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет предлози до власта на СДСМ и ДУИ со цел да се изнајде решение за кризите во кои се наоѓа Македонија. Тоа содржи формирање на четири тима од експерти во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование кои треба да помогнат про боно за изнаоѓање на решенија за проблемите кои, како што велат, „ги тиштат граѓаните“, проблеми кои во голема мера се предизвикани од, како што велат, „неодговорните и непромислените политики на оваа власт“.
„Оттука произлегува и потребата за утврдување на датум за што поскоро предвремени избори како излез од низата кризи во кои западна Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку Ковачевски не е тој кој што носи вакви одлуки во СДСМ и му е незгодно да понесе одговорност, тогаш подготвени сме да разговараме со тие кои ги креираат политиките во СДСМ било тоа да е Заев или Шекеринска.
СДСМ треба да се издигне над ситуацијата и да ги стави интересите на граѓаните во овие тешки времиња, над тесно партиските и лични интереси на раководството кое по секоја цена сака да се задржи во своите фотелји“, додаваат од Белата палата.