Мицкоски објави фотографија: Ова е човекот кој требаше да ме убие

од Nikola Popovski
210 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави фотографија од лице, за кое вели, дека требало да го убие.

-Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Ваквата објава доаѓа откако дојде до инцидент кај плоштадот „Скендерберг“ откако граѓани од правец на Старата скопска чаршија ги нападнаа демонстрантите кои учествуваат во протестот против францускиот предлог. Се слушнал истрел од оружје, а беа употребени и камења, столчиња и други предмети.

За сега нема информации за повредени, а неофицијално има приведени лица.

Полицијата реагираше. Повеќе детали за инцидентот се очекуваат наскоро.