Имаме 132 000 граѓани коишто се неизјаснети. Ако навистина постоеше волја, од страна на Државниот завод за статистика и сите коишто ја спроведуваа таа операција, за да ја комплетираат оваа статистичка операција, можеа многу лесно да ги попишат тие 132 000 граѓани, вели претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
Тој посочува дека од ДЗС веќе точно знаат, по име и преземе, кои се тие што не се изјасниле и се дел од резидентното население.
-Можат за помалку од една недела, да појдат и да ги добијат оние три податока – нивната вероисповед, мајчиниот јазик и националната припадност. Тогаш, колку-толку, ќе имаме комплетен попис, кажа Мицкоски.