Надежта победи, Македонија мора да се менува. Мораме да го оствариме сонот што го сонуваме 30 години, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата.
Тој испрати порака до „браќата и сестрите дека од денов почнуваат промените“.
-Ова е убедлива победа на народот. Благодарност до Левица, АА и Алтернатива, затоа што сите заедно срушивме бариери и покажавме дека широк опозициски фронт е возможен и поставивме можности за идна коалициски соработка. Покажавме дека и покрај разликите, можеме да се обединиме за заедничка цел. Еден опозициски блок е сосема извесен и ќе донесе огромна победа на следните парламентарни избори, кои многу веројатно ќе бидат предвремени. Благодарност и до коалицијата на ЛДП/ДОМ, кои оставија на граѓаните да одлучат по сопствена волја, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата прогласи победа во уште 14 општини, покрај 22-те од првиот изборен круг.
-Победивме во Битола, Брвеница, Гевгелија, Василево, Вевчани, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово.., рече меѓу другото Мицкоски.