Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека блокадата на Собранието од опозицијата нема да трае неколку дена туку можеби и со недели и месеци, односно сè додека Владата не седне да разговара со нив и не се договорат за предвремени парламентарни избори.
-Во најмала рака ова е процес кој ќе трае повеќе месеци сè додека оваа неразумна влада не се вразуми. Однапред им се извинувам на граѓаните за тоа што ќе следи, но мора да нè разберат дека ни е потребна поддршка и охрабрување за да си ја спасиме Македонија затоа што ако оваа влада остане уште еден ден повеќе Македонија ќе има помалку на сметка на нив. Почекајте, допрва следуваат повеќе чекори, а со ова само започнуваме. Не можам да дозволам иднината на Македонија да се крои во Мала Речица. Иднината ќе ја кројат граѓаните, а не тие кои денеска се таму во Владата, рече Мицкоски.