Мицкоски одработува за туѓи интереси, антидржавната агенда на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Секогаш кога државата се наоѓа во деликатни состојби и важни процеси, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за дополнително да ја отежнат позицијата на државата. Со таквото однесување, станува јасно дека Мицкоски одработува за туѓи интереси, се вели во реакцијата на владеачката СДСМ.

„Наместо конструктивност и кооперативност, секој важен процес Мицкоски го злоупотребува во обид да спечали некој ситен политички поен.

Мицкоски воопшто не мисли на интересите на граѓаните и државата, нему му се битни единствено личните и партиските интереси.

Деструкции, блокада на институциите, поткопување на државните позиции, тоа е се што знае и може Мицкоски.

Таквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одамна е препознаено од јавноста и затоа граѓаните, СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат Мицкоски заради туѓи интереси да ја врати државата во режим изолација и неизвесност.

Антидржавната агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде поразена.