Мицкоски оптимист: Македонскиот народ заслужи датум за преговори

од Берта Китинска
288 прегледи

Лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека големо ќе биде разочарувањето кај народот ако и сега нема датум, додавајќи дека е оптимист и сака во декември да се случи и верува дека ЕУ ќе се спротивстави на бугарските хегемонистички барања.

– Јас сум оптимист за декември и сакам да се случи датумот, овој народ го заслужува тој почеток на преговори. Не е прашање дали Димитров ќе ги брои неделите или месеците кога ќе се случи тој датум Во Брисел треба се состане Европскиот совет, да заборави на уцените кои доаѓаат од кај нашиот источен сосед и иднината која што треба заеднички да ја градиме во Европа да ја градиме, а не да се враќаме два века наназад, изјави Мицкоски.