112
Партиските препукувања помеѓу двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат од ден во ден. Според опозицијата, СДСМ веќе потфрли во делот на правдата, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека ова не е битка само за името, туку битка за осуда на криминалот и подора иднина.
„Власта од ден во ден ја покажува цела своја немоќ и расипаност, ова не е веќе битка само за името и против штетениот договор, ова е битка на секој еден човек против оваа власт, за правда, за осуда на криминалот, за пoдобар живот, за подобра иднина, за Македонија која победува“, напиша Мицкоски на својот Твитер налог.