Мицкоски:Падот на просечната плата е резултат на неспособноста на Владата

од desk2
99 прегледи

По еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад, предупреди денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Според него, екстремниот пад  се должи на неспособноста на владата и неуспехот на владините економски политики.

„И официјално просечната плата од 500 евра е лажно и недостижно ветување на премиерот Заев и владата.
Розевата слика за која говори премиерот Заев и економските министри не постои, таа е лажна. Доказ за тоа е дијаграмскиот приказ на нето исплатена просечна плата во Република Македонија во првиот и вториот месец“, вели Мицкоски.

Вртоглав пад се забележува и во неколку други клучни сектори, како секторот рударство и секторот уметност, забава и рекреација.

„Во секторот рударство просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е помала за 9,9 проценти, а во секторот уметност, забава и рекреација просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е за цели 26,4 проценти помала“, вели Мицкоски.

И покрај катастрофалната ситуација на економијата и покрај катастрофална цунами економска политика, граѓаните на Република Македонија е треба да губат надеж, порача лидерот на опозицијата.