284
„Имав дијалог со премиерот Заев и постигнавме договор за одложување на пописот за септември, во периодот меѓу 5-ти и 30-ти септември. Исто така имавме дијалог и за пролонгирање на локалните избори, за втората половина на октомври“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот во Клубот на пратеници.
Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање изјави дека имал многу конструктивна средба и дека немало дискусија за широка влада, во која дел би била и неговата партија.