162
„Потребна е да се воведе ковид-комиисија по принцип на соседните држави“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за дневникот на ТВ Сител.
Тој смета дека таа комисијата не треба да биде партиска, туку составена од инфектолози и епидемиолози.
„Владата не доведе до 2 бездни и затоа смета дека сега во моментов потребен е полициски час. Само здрави луѓе може да ја покренат економијата“, истакна Мицкоски и додаде дека како држава не можеме да воведуваме кризна состојба, а да организираме избори во две општини.