Мицкоски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Ако беше толку добра работата за Македонија, немаше да ги чува полиција како во Бејрут. Тие мислат дека го завршија предавството, но треба да знаат дека заедно со народот ќе победиме во оваа борба. Ова им е само алиби, а ние ќе го врвиме најдолгиот пат. Но верувајте дека ќе победиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.

„Информацијата која што претходно ја усвои Владата на Ковачевски и формално иако не беше задолжително, помина во македонското Собрание. Но пред да проговорам за ова, сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдината на непокорот кој покажа не само дека Македонија е жива, туку демонстрираше невидена енергија и волја за борба за својата иднина и за нашата татковина, и таму имаше Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, Роми и сите останати. Многумина приоѓаа и многумина даваа поддршка. Ова не беше битка ниту моја, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ, заслугата е на народот, илјадници мажи, жени и деца кои излегоа на улиците и кажаа што мислат за предлогот кој Владата решила да го турка, но и за се она што се случува овој период во Македонија“, истакна Мицкоски.

Тој наведе дека ништо не е готово, а народот не треба да очајува.

„Борбата продолжува. И ќе победиме, се додека сме заедно, цврсти како карпа, обединети. Обединети не заборавајте и силно фокусирани за нивниот пад, за што мора избори да има“, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објасни, народот може да биде спокоен, бидејќи ова не е 2019-тата година.

„На иницијатива на пратениците како гаранција со која се обврзуваме пред граѓаните за ова наше ветување, со цел блокада на предавството на оваа Влада се изјавите на пратениците заверени на нотар, дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Уставот, а за тоа гарантираат со својата чест, совест и оставка која веднаш стапува на сила доколку тоа се случи. Јас верувам дека ниту еден пратеник нема да го одобри ова предавство и за тоа го имате и мојот збор дека тоа нема да се случи тоа. Ова се тие изјави, заверени на нотар. Нема отстапување ниту милиметар од ова. Нема чекор назад, затоа што позади нас е се што имаме, нашите семејства, нашето достоинство, нашето име, и нашата Македонија“, порача Мицкоски.

Слични содржини