Мицкоски пречекан со навреди од демонстрантите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
514 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со навреди беше пречекан од демонстрантите пред зградата на Собранието.

Во моментите кога со своите најблиски соработници и членови на партијата приоѓаше на улицата пред Собранието и се упатуваше кон Жена-паркот, тој беше исвиркан и доби навреди од присутните граѓани.

Во изминатите денови, медиуми блиски до опозицијата излегоа со критики кон Мицкоски. „Кого лаже Мицкоски дека не е во коалиција со Алијанса на Села?!“, „Мицкоски го продаде кучата“: Реприза од 2018-та година – комитити на батерии не го даваа името, а сега идентитетот, историјата и јазикот“, „Членството удри по Мицкоски: Каква пифтија од човек“, се само дел од насловите на порталите.