Мицкоски: Предноста на Арсовска од 8000 гласови не значи ништо

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Европа без ресурси и блокирана сметка што победи на избори и затоа сум им благодарен на граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Клан.

Тој информира и предупредува дека во последните денови се пласира веста дека „ние сме зло, што за мене е тежок збор“.

-Шилегов е компромитиран политичар, кој се валка во мочуриште и кал. Арсовска покажа друг пристап, поинаков, современ, брз, понуди определени решенија. Ценам дека влегува во втор круг со 8000 гласови предност како голем фаворит, но таа предност од првиот круг не значи ништо. Повторно почнуваме од 0:0, укажува Мицкоски.