Мицкоски преку смс-порака вршел притисок врз дополнителниот помошник-министер да ја прекине истрагата за теретаната

од Берта Китинска
311 прегледи

Според службената белешка за која заменичката-министер Славјанка Петровска вели дека МВР ја има, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со јавување по телефон, но наводно и со смс-порака, му вршел притисок на дополнителниот помошник-министер да ја прекине истрагата за теретаната, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР, кои не се овластени да даваат информации за јавноста.

Мицкоски не само што му се јавил на дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола во МВР, туку му пишал и смс-порака да ја прекине истрагата за снимките од посета на теретаната во време кога поради пандемијата сите теретани беа затворени

Внатрешната контрола не води истрага за тоа што теретаната била специјално отворена за лидерот на опозицијата наводно во време на најстрога забрана, бидејќи тоа е домен на јавна безбедност, туку за присуство на тројцата обезбедувачи од МВР во придружба на Мицкоски. Видео-снимката од празната вежбална на која се гледа Христијан Мицкоски и обезбедувањето кое носи гумени ракавици, на социјалните мрежи беше објавена на 25 април.

 

Слични содржини