Мицкоски преку собирање потписи ќе бара референдум за уставните измени

од Nikola Popovski
170 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа информира дека планира да иницира собирање потписи за референдум за граѓаните да се изјаснат за уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот.

-Народот е суверен, тие се тие што ќе кажат. Ништо не е завршено за Македонија и македонскиот идентитет, преговарачката рамка не е усвоена, ако народот така одлучи ќе речеме во Брисел дајте ни друга преговарачка рамка, кажа Мицкоски во интервјуто за ТВ Сител.

Мицкоски потенцира дека првиот чекор ќе биде собирање на 150.000 потписи.

-На следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе предложам да иницираме собирање 150 000 потписи. Тоа што сега Бујар Османи потпишал протокол, тоа не значи дека е сѐ завршено. Тоа јас и вчера го кажав на прес-конференцијата, бидејќи преговарачката рамка не е усвоена. Преговарачката рамка ќе се усвои откако ќе се случат уставните измени. Ако народот на референдум каже „Нема уставни измени“ – нема, рече претседателот на најголемата опозициска партија.