Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес рече дека побарал да се почитува законот и побрзо да се реши случајот со цел македонската јавност да биде точно запознаена со вистината во врска со посетата на теретаната.
„Го добив бројот на именуваното лице. Му напишав порака – тоа е вистина. Пораката беше со следната содржина: ‘Здраво.Би сакал да се слушнеме. Христијан Мицкоски!’“. „Јас му реков: ‘Ве молам да постапите според закон и ве молам македонската јавност да ја дознае вистината и да биде запазена процедурата. Тоа е она што го барам од вас’“,рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека откако излезе снимката на која се гледа дека тој спортува во фитнес-сала, во јавноста излегле, како што вели, многу конструкции и шпекулации.