Мицкоски против законот за градба на модуларните болници кој Мисајловски го одобрил без ниеден амандман?

од Vladimir Zorba
669 прегледи

Во дуелот помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, помеѓу сите жешки теми клучна беше темата за модуларните болници и законот за нивно поставување. Мицкоски го обвини Заев дека законот за нивно поставување бил донесен „според желбите на СДСМ“.

Но сепак, ВМРО-ДПМНЕ целосно учествуваше и го поддржа тој закон. Носењето на законот е направено без никаква претходна забелешка или амандман од Комисијата во Собранието предводена од Владо Мисјаловски, поранешниот министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, На 19 октомври, 2020 година, на системот е-влада, поставени се предлог измените на Законот за градење, чиј предлагач е Министерството за транспорт и врски. По изнесувањето на сите засегнати институции, Законот за градење влегува во собраниска процедура. На 19 ноември, 2020 година, собраниската Комисија за транспорт и врски и екологија, чиј претседател е пратеникот Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ, ја одржува 4 тата седница, а точка на дневен ред се предлог измените на Законот за градење каде се предвидени законски регулативи за модуларните болници.

Комисијата без дискусија и без амандмани предлог измените на Законот за градење (по скратена постапка) го проследува на натамошна постапка до Собранието на РСМ. Следниот ден на 20 ноември 2020 година, на седница на Собранието усвоени се измените за Законот за градење.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите недели по трагедијата во Тетово секојдневно ја обвинува власта за лош закон за поставување на модуларните објекти, додека самите тие ништо не преземале за негово унапредување или менување.

Јавноста ја памети исто така расправата меѓу власта и опозицијата околу модуларните болници и нивното финансирање. СДСМ го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека со месеци неосновано го блокира заемот од Светска банка со кој овие болници се иградија. Заради овој спор, самите болници и нивната изградба каснеа неколку месеци.

Слични содржини