Мицкоски: Прв ќе честитам доколу се постигне договор, ако се направи предавство ќе се случи народ

од Берта Китинска

Оваа Влада ниту Европската Унија станува реалност, ниту пак некое билатерално прашање е затворено во наша корист, изјави  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес – конференција.

„ Морам да кажам дека имајќи ја во предвид важноста на разговорите со источниот сосед, и нашиот стратешки интерес да се почнат преговори со Европската Унија, претходниот период се воздржував од јавни настапи и прес конференции со цел истите да не бидат погрешно разбрани, но и да се даде можност за решение. Сметам дека одговорно е да се дозволи Владата да го има целиот простор да ги оствари стратешките цели, но и да ги зачува, што треба да претставува нејзин прв приоритет националните интереси. Но, очигледно сме сведоци дека сето ова се удира во ѕид, и се враќаме отпочеток на изворот на проблемите. Целиот овој проблем со источниот сосед се темели на една лага на Зоран Заев и на една негова основна каратеристика која како буквар ја научија сите во регионот и светот, а тоа е системот на преговори преку свитканата кичма“, рече Мицкоски.

Мицкоски  изјави дека ќе  даде поддршка на власта доколку со Бугарија постигне договор со кој ќе се заштити посебноста на македонскиот јазик и идентитет, но доколку Заев повторно се договори на штета на националните интереси, тогаш ќе му се случи народ истиот ден.

„Ако владата постигне решение недвосмислено заштитувајќи го нашиот македонски јазик и неговата антропологија и историја, јас ќе бидам првиот што ќе застанам и ќе честитам ако се направи предавство ќе му се случи народ“,изјави Мицкоски.

Слични содржини