314
Разочаран сум од потегот на нашиот политички противник бидејќи е политички некултурно во ист ден да го закажете вашиот Конгрес кога има закажано и противничката партија. Ние месеци наназад ја имавме закажано датата.Тоа е тоа такви се луѓето за жал со оние кои политички се натпреварувате, вели Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој напоменува дека во неговата парија се очекува нови понуди како и тимови кои ќе го освежат ВМРО-ДПМНЕ.
-Покрај политичката некултура во СДСМ од потенциалните кандидати не очекувам ништо само продолжение на заевизмот, вели Мицкоски.