Универзалната сала е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје. И Скопје не секогаш ги имало најдобрите решенија, но секогаш имало душа и срце за големи работи, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Салата не е само објектот, туку и спомените на скопјани и нема роден скопјанец чиешто детство и младост не се поврзани со Универзалната сала. Затоа нејзиното рушење не е опција. Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши“, посочува тој.