Само нелегитимен прмеиер кој што е поставен на начин на кој е поставен, може гласот на народот да го смета за нерелевантен, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Тетово.
-А колку е тој релевантен ќе види на 20 август во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл, а на следните предвремени парламентарни избори тој и неговите политики ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на РМ. Немам што повеќе да додадам за таа изјава освен што за 20-тина дена од денеска и тоа како гласно ќе одекне гласот на народот во Тетово, а потоа и насекаде низ Македонија. А, Ковачевски како нелигитимен премиер ќе слушне што има народот да каже, смета Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, „а бега и сега од соочување со граѓаните на референдум“.
-Консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување – изјави Мицкоски.