Мицкоски: Се подготвуваме за локални и предвремени парламентарни избори

од Берта Китинска
247 прегледи

-Ценам дека во периодот во кој што следи вакви посети се императив и за нас како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишеме следната, би рекол изборна програма која ќе биде дел од локалните избори. Но истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори по кои оваа Влада ќе биде минато, и ќе дојде Влада која што ќе работи за интересите на граѓаните, и за интересите на Македонија, изјави денекса лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната посета во центарот на Скопје на Зеленото пазарче.

Во однос на пописот лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ вели тој ќе биде  лажен компромис односно политички договор.