Мицкоски: Се пријавив доброволно и го отслужував својот воен рок во гардискиот баталјон

од Nikola Popovski
186 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска уште еднаш побара оставка од премиерот Димитар Ковачевски.

-Во јавноста се појавија две контрадикторни тврдења од страна на Ковачевски а тоа е дека како оправдание го користеше своето образование, го завршил факултетот па се запишал на постдипломски студии, па потоа веќе отслужувањето не било задолжително, за неколку месеци подоцна, осум месеци, даде изјава дека имал медицински пречки и дека поради тие хируршки интервенции не можел да присуствува. Јас сум три години помлад од него и јас магистрирав и се пријавив доброволно во 2003 и во 2004 година и го отслужував својот воен рок во гардискиот баталјон. Тезата дека поради образование бил спречен, па потоа дека не било повеќе задолжително е лага, како и се што прави оваа Влада. Имаат два начини на обраќање кон граѓаните – првиот е со лажење, а вториот е обид да се прикажат како жртви и на емпатија да добиваат симпатии. Тоа го прават само слаби луѓе, рече Мицкоски од Велес.