Мицкоски, Села и Гаши се договорија: Одиме на победа!

од Берта Китинска
348 прегледи

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за претстојните локални избори.

Претседателите на Алијансата на Албанците, Зиадин Села, и претседателот на Алтернтив, Африм Гаши, денеска се сретнаа со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии, соопштија од партиите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Фејсбук  објавувајќи фотографии информираше дека заедно со коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативана на изборите одат на победа.

-Договор за соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива против корупцијата и за силен развој на општините. Одиме на победа!, напиша Мицкоски.

Слични содржини