Мицкоски: Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе репреговара со Софија

од Берта Китинска
173 прегледи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи било каква промена на Уставот тоа треба да сте сигурни и сега кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција условно кажано но и наскоро од денеска кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Македонија, нема да поддржиме промена на Уставот и на тој начин отворање на вратата за асимилација на македонскиот народ која што директно значи удар врз македонскиот идентитет, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара сите овие околности кои што сега ценат дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

„Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара овие околности кои што ние цениме дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ а не помагаат, да постигнеме еден вистински добрососедски договор кој што навистина ќе ги подобри односите“, кажа Мицкоски.

Слични содржини